Адвокатите кои ги казни Кацарска денеска се вратија во судница

by fokus

Без присуство на јавноста денеска во новата зграда на Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на РМ со сведочење на загрозениот сведок С1.

Во судницата се присутни обвинетите, адвокатите на обвинетите и адвокатите по службена должност кои вчера ги назначи Судот по напуштањето на рочиштето на одбраната на обвинетите кои се жалеа дека немаат услови за работа.

На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, а поради технички причини судењето беше префрлено во стариот објект на Судот. Поради расправијата меѓу судечкиот совет и адвокатите одбраната беше казнета со по 1.000 евра.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Поврзани новости