Претседателот на Комисијата за лустрирање, Томе Аџиев, не смета дека пресудата на Стразбур дека при процесот на лустрација судијата Трендафил Ивановски не добил правично судење, значи и дека исходот на лустрацијата не е правичен. Според Ациев, пресудата на Стразбур се однесувала на тоа дека не добил правично судење, а не на фактот дека дали Ивановски бил соработник на службите.
-Фактот дека Ивановски бил дваесетина години соработник на службите и за тоа примал пари никој не го порекнува, вели Аџиев.
Тој појаснува дека според пресудата на Стразбур за поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, неговата лустрација била извршена така што не му било почитувано правото на правично судење и му била направена повреда на честа, угледот и на достоинството.