456
Минатата година македонските банки одобриле кредите во износ од 400 милиони евра, додека примиле депозити во вредност од 300 милиони евра. Ова го покажуваат најновите податоци кои ги објави Народната банка.
Лани во декември вкупните депозити од граѓаните и компаниите биле 4,95 милијарди евра (пораст за 301 милион евра за период од една година), а долгот на граѓаните и фирмите кон банките е 4,55 милијарди евра.
Иако штедењето на граѓаните секогаш било во пораст, лани во мај и јуни било драстично намалено како последица на настаните во Куманово. Потоа штедењето продолжило, но со намалено темпо.