Советник на премиерот Зоран Заев за надворешна политика-Едмонд Адеми, тврди дека Чешка, Словачка и Австрија не се единствени земји кои се спротивиле на заклучоците на Советот за ЕУ, во кои, меѓу другото, по барање на Бугарија се вметнува формулација за погрешно толкување на историјата.
„Моите информации велат дека не се само овие три земји, туку и други земји има во Европската Унија – членки кои подеднакво исто се на стојалиште како и овие три земји, само со оглед на тоа дека овие три беа највокални, односно најгласни во презентирање – вели Адеми на ТВ 21.
Според него, ставот на овие три земји испраќаат порака дека историјата треба да остане на историчарите, а политиката, како што вели, да се занимава со интерпретации на сегашноста и да ја проектира иднината.