477
-За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна , а од друга страна имаме подобри резултати од минатата учебна година. Ова ни дава дополнително аргументи дека сме биле во право , но сепак ќе се консултираме со сите засегнати страни, изјави денеска министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, по објавувањето на резултатите од државната матура.
Тој најави дека новиот концепт за полагање на државната матура ќе биде познат до почетокот на учебната година. Според Адеми, консултациите со засегнатите страни ќе се направат во август.
Средношколскиот и Наставничкиот пленум претходно веќе најавија дека можно е од септември повторно да има бојкот на наставата, а можни се и нови протести.