419
Концептот за екстерно тестирање и годинава ќе остане ист, иако најавите беа дека матурантите ќе бидат првите кои во јануари ќе полагаат според новиот модел. Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, потврди дека не го исполниле она што го кажале.
-Ние кажавме, ама не успеавме да го смениме концептот, ќе остане стариот. Во јануари матурантите ќе полагаат екстерно, а бидејќи сите ученици треба да полагаат според истиот концепт не очекувам измени во моделот, иако веќе имаме почнато со активности за нов, изјави Адеми.
Во новиот концепт кој го најавуваше Адеми, требаше да влезат забелешките на сите засегнати страни на кои министерот им вети дека ќе ги сослуша. Сепак. такво нешто не се случи.