„Специјалната обвинителка да го расчисти прикривањето на убиството на брат ми“

by Фокус 19:22
19:22

На 05.06.2015, моето семејство поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје, за прикривањето и влијаењето врз истрагата на убиството на брат ми, Мартин Нешкоски. До денес поминаа повеќе од шест месеци, а Јавното обвинителство се уште се нема изјаснето по нашата пријава.

Бидејќи пријавата ја поднесовме врз основа на информации кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, сметам дека надлежност за постапување по оваа пријава има Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Но, во досегашните објави во медиумите не можев да забележам дека Обвинителката одлучила да постапува по нашиот случај.

- Advertising -

Поради тоа, сакам да го споделам моето писмо и со јавноста, за да можам да упатам апел до Обвинителката да постапува по нашата пријава и еднаш за секогаш да го расчистиме целосно убиството и прикривањето на убиството на мојот брат.

Со почит,

Александар Нешкоски

 

Поврзани новости