Адеми: Од земјата до небото ви се заблагодарувам, ја продолжуваме мисијата на лидерот Ахмети

by Fokus

Министерот за образование, Арбр Адеми преку својот профил на Фејсбук се заблагодари на сите граѓани кои на овие предвремени парламентарни избори ја дале поддршката на ДУИ.

„Почитувани членови, активисти и фанови на Демократската унија за интеграција. Јас навистина не знам како да ви се заблагодарам! Со срце и душа, од земјата до небото, благодарам за целиот ваш голем ангажман на овие избори!

Покажавте зрелост и модел на одлична изборна кампања! Што резултираше со голема победа.
Вечерва не само што победивме, туку сите Албанци, сите граѓани на државата победија!

Продолжуваме да ја остваруваме мисијата на нашиот лидер Али Ахмети, обезбедувајќи подобра и сигурна иднина за граѓаните на нашата земја“, напиша Адеми на својот профил.

Поврзани новости