Адеми не се плаши од Груевски за преименувањето на училиштата

by Фокус 18:36
18:36

Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, денеска изјави дека не се плаши од премиерот Груевски за преименувањето на училиштата и најави дека кога ќе дојде време ќе им се сменат имињата на уште две училишта во општина Чаир.

-Не, не се плашам ни од него, ни од било кој друг, бидејќи јас решенијата ги носам согласно партиската програма и во интерес на граѓаните. Ќе ги потпишам одлуките и за другите две училишта, но во адекватен момент, изјави Абдулаќим Адеми пред вработените и учениците во новоименуваното скопско училиште Јашар Бег.

- Advertisements -

Другите две училишта за кои зборува Адеми се Рајко Жинзифов, кое според најавите во иднина ќе се вика Исмаил Ќемаил и Никола Вапцаров, кое ќе го го носи името на Имри Елези.

 

Поврзани новости