596
Министерот за образование Арбер Адеми истакна дека не може да ја поддржи одлуката за намалување на платите во јавниот сектор, бидејќи, како што рече, треба да се мотивираат наставниците.
-Нашите препораки беа наставниците да бидат креативни, да го дадат својот максимум во видео наставата и во одредени линкови со одреден профил, особено во средното стручно образование. Можеби не е реална компензација со тоа што го реализираат самите ученици во практичната настава, но добро е на овој начин да се организираат – изјави Адеми на ТВ 21.