ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претежно облачно со локални врнежи, од понеделник стабилизација – детали

by fokus

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 денес и од 7 до 14 утре. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има услови и за повремени но послаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени денес и околу 12 степени утре.

Потоа од понеделник се очекува значително постабилно време и без врнежи, максималните дневни температури ќе бележат тенденција на постепен пораст. Наутро пак истите ќе бидат пониски и понатаму на некои места ќе се спуштаат под нулата.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости