Претепан Елвис Бајрам, тензично пред болницата 8ми септември

by fokus

Градоначалникот на Шуто Оризари и син на Амди Бајрам, Елвис Бајрам, попладнево бил претепан во неговата населба. Тој е примен во болницата 8ми септември, потврди директорот на болницата, Христијан Костов за Фокус.

Директорот информираше дека Бајрам е надвор од животна опасност. Санирана му е една рана и сошениен е со 5-6 конци.

Пред болницата се собраа приврзаници на градоначалникот и кандидат за нов мандат и атмосферата на моменти беше тензична. Има засилено присуство на полиција.

Поврзани новости