Европските институции треба да сфатат дека Западен Балкан имаат два патишта – целосно да се интегрира во ЕУ или да остане црна дупка, што е голем проблем и за безбедноста во Европа, порача премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ за време на неговото учество на конференцијата на Економист во Атина.
-Единствениот начин за справување со негативното влијание од Русија или било кое друго негативно влијание на некои супер сили е да се има позитивно влијание од ЕУ. А ЕУ треба да има позитивно влијание врз нашите земји – истакна Абазовиќ.
Тој додаде дека Црна Гора сака сите земји од регионот да одат напред, за Западен Балкан да се комплетира како европски регион.
-Сите треба да знаат дека на национализмот на Западен Балкан е длабоко поврзан со корупција. Политичарите кои промовираат национализам се длабоко поврзани со корупцијата. Не сакаат државите да одат напред, сакаат статус кво, порача црногорскиот премиер и додаде дека потребно е да се води борба против тоа – порача Абазовиќ.