Мишел со европски фондови и „Македонци“ не убедува да го прифатиме предлогот

by fokus

На заедничката прес конференција со македонскиот премиер, претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел се обиде да стави до знаење дека ЕУ го признава македонскиот идентитет и неколку пати на граѓаните им се обрати со Македонци. Нешто што досега не го практикувале претставниците на ЕУ.

-Доаѓам во клучен момент за Северна Македонија, но и за клучен момент за ЕУ. Иднината на моите три деца и иднинтата на сите наши деца ќе биде побезбедна со Западен Балкан во ЕУ.  Македонци, имате историска можност да кажете да, на почетокот на преговорите, да на ЕУ, да за нашите деца. Вашата земја има прилика уште еднаш да стане првак во проширувањето, рече Мишел.

Тој се осврна и на придобивките од почнувањето преговори, како што се европските фондови.

-Сакаме да ни се приклучите и нашата цел е да го забрзаме процесот. Започнувањето на преговорите веднаш ќе донесе предности. Ќе донесе и програми и иницијативи кои обично се достапни само за земји-членки. Ако кажете да, првата меѓувладина конферецнија ќе се организира во наредните денови. Ќе започне скрининг процесот. Со овој предлог јасно дискутираме и за македонскиот јазик. Целото законданство на ЕУ ќе биде преведено на македонски јазик. Систематски ќе стојам зад вашите легитимни права за националниот идентитет, вети Мишел.

Поврзани новости