430
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека приказната за шверцот на цигари во Црна Гора има врска со убиството на уредникот на весникот „Дан“, Душко Јовановиќ.
„Решението за тоа убиство би било главен двигател на политичките промени во Црна Гора. А убиството на (уредникот на хрватскиот неделник „Национал“ Иво) Пуканиќ има врска со шверцот со цигари“, рече Абазовиќ.