Финската премиерка се тестираше: Никогаш не сум се дрогирала

by fokus 17:13
17:13

Финската премиерка Сана Марин денеска се тестираше за дрога по објавувањето на видеото како се забавува и танцува со пријателите.

-Денеска се тестирав на дрога и резултатите ќе стигнат за седум дена. Никогаш во животот не сум се дрогирала, изјави Марин.

Таа додаде дека нејзината способност да ги извршува своите должности не била нарушена ноќта на забавата и дека би го напуштила собирот доколку било потребно да изврши некоја работа.

Видеата од Марин како се забавува со познати фински уметници почнаа да кружат на социјалните мрежи оваа недела, а беа објавени и од медиумите во Финска и во странство.

Поврзани новости