(Видео) СДСМ се журкаа со Роберт и Панки, овации за „Кучка неверна“

by fokus

Високи партиски функционери од СДСМ синоќа присуствуваа на Завршната конвенција на СДСМ и коалицијата во Ајдучко маало во Тетово, а настанот беше завршен со концерт на популарните Роберт и Панки од „Куку леле“.

Бендот кој е присутен на сцената со децении наназад и кој има десетици хитови со кои редовно ги полни клубовите, синоќа го разигра и политичкиот врв.

На страницата на ОО СДСМ Тетово се објавија неколку видео снимки на кои се гледа дел од веселата атмосфера.

Покрај баладите, „Куку леле“ се познати и по динамичните песни, и за време на изведбата на хитот „Кучка неверна“ може да се забележат расположените и разиграни партиски функционери и овации од присутните.

„Постела рози“, „Не плачи, не жали“, „Блесава си или не“, „Остани“, „Рмбам ко црнец“”, „Стамбол се до Бардовци“ се само дел од ризницата на бендот кој е синоним за добра забава. Во минатото, не е познато бендот некогаш да настапувал на партиски настан.

Со нивниот хит „Постела рози“ лани во скопски локал победа прославуваше и старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. Поради тоа што песната се пееше со изменети и вулгарни стихови, видеото набргу беше цензурирано на музичкиот канал Јутјуб и е достапно само за лица постари од 18 години.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости