АА: Мијалков доби ослободителна пресуда, коалицијата СДСМ-ДУИ вроди со плод

by Fokus

Алијанса за Албанците реагира по повод денешната ослободителна пресуда за екс директорот на УБК Сашо Мијалков во предметот „Тортура“. Од Алијанса сметаат дека оваа пресуда е плод на вчерашната коалиција на СДСМ и ДУИ.

„Вчера бевме сведоци на потврдата за коалицијата на криминалот и корупцијата, СДСМ-ДУИ, која се обидоа да ја оправдаат со смешно алиби. Вистинските причини и плодови од оваа коалиција ги видовме денес. Кривичниот суд во Скопје го ослободи поранешниот директор на ДСК, Сашо Мијалков, партнер во бизнисите и тендерите на двете партии од хибридниот режим. Мијалков беше ослободен од обвинението за случајот кој беше еден од главните атрибути што Зоран Зоран ги користеше во својата кампања како опозиција, насилството и нарачаниот криминал. Во меѓувреме, слушнавме експоненти на обете партии кои зборуваат понекогаш за партизација на судството, понекогаш за ветингот, а понекогаш дури и за трговија со судии и обвинители. Со оглед на ова, и кога се знае дека СДСМ и ДУИ ја водат извршната и судската власт, сега е јасно кој го ослободи Сашо Мијалков. Договорот за ова беше потпишан вчера и беше извршен денес, додека вистинската пресуда за овие пазарења со правдата ќе ја дадат граѓаните.“, соопштија од Алијанса.

Поврзани новости