Беса се подготвува за самостоен настап на локалните избори

by Fokus

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа вели дека неговата партија нема да се приклучи кон евентуалната коалиција на СДСМ и ДУИ за локалните избори, и оти се подготвуваат на изборите да настапат сами. Како партија, нагласи тој, ценат дека нивното присуство во Владата направило разлика и сакаат таа разлика да се отслика во гласови и реално како политичка партија да видат како ќе биде оценето нивното десетмесечно учество во извршната власт.

Тој не сакаше да коментира ништо во врска со средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, затоа што, како што истакна, не се познати детали од тоа што договориле двајцата лидери.

-Оставаме да се објават детали од  договорот бидејќи изјавата е многу општа, па да почекаме да видиме врз основа на што ќе се држи таа коалиција, односно на што ќе се темели тој договор што го направила, рече Хоџа.

Поврзани новости