1
Синоќа во 21:04 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во период од 26 ноември до 27 неомври со употреба на сила било влезено во куќа во Крива Паланка, сопственост на Н.А и притоа биле одземени повеќе предмети.
Како што се наведува во полицискиот билтен, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го пронашле сторителот Р.Б.(31) од Крива Паланка.
Тој во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.