Бремена затвореничка избега во американската сојузна држава Њу Мексико, откако презема контрола врз полициско возило кое ја враќаше во затвор по преглед во текот на бременоста, соопшти државниот Оддел за поправни установи.
Ребека Тејлор (26) седна зад воланот и избегала, откако службениците што ја превезувале неа и уште една затвореничка застанаа да купат храна во Албукерки, објавија локалните медиуми.
Од Одделот за поправни установи во Њу Мексико соопштија дека возилото и нејзината затворска униформа подоцна биле пронајдени, но Тејлор сè уште е во бегство.
Во објава на Фејсбук наведоа дека таа била во затвор поради повеќе обвиненија за кражба и провала, пишува Би-Би-Си (BBC).
Според локалните медиуми, друга затвореничка, која исто така се враќала од преглед во текот на бременоста, успеала да излезе од автомобилот кога Тејлор ја презела контролата врз возилото во средата наутро, по локално време.