Студено утро во Македонија, во Берово измерени -11 степени

by irena 09:24
09:24

Студено утро во Македонија, со температури под нулата во речиси сите градови. Најниска температура од -11 степени е измерена во Берово.

Во Крива Паланка и Струмица се измерени -7 степени, во Демир Капија, Штип и Скопје-Петровец -6, во Битола, Лазарополе и Велес -5, додека во Тетово, Кавадарци, Крушево, Зајчев Рид и Виница температурата изнесува -4 степени. Во Тополчани се измерени -3, во Гевгелија -2, а во Попова Шапка и Петрог -1 степен.

Времето денеска ќе биде студено и променливо облачно. Во текот на вечерта се очекуваат врнежи од дожд, претежно во западните делови на земјата.

Слични вести