Првиот човек на УЕФА дојде во Скопје, ќе го следи мечот Македонија – Словенија

by irena 17:31
17:31

Претседателот на УЕФА -Александар Чеферин, денеска пристигна во Скопје по покана на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Ова е покана на Масар Омерагиќ, а станува збор за приватна посета од страна на првиот човек на УЕФА.

Чеферин и Омерагиќ заеднички ќе го следат и натпреварот од УЕФА Лигата на нациите меѓу Македонија и Словенија.

Двајцата функционери ги поврзува големо пријателство.

Инаку, претседателот на ФФМ, Омерагиќ денес слави роденден. Роден е во 1969 година.

 

Слични вести