Малолетници украдоа „форд фиеста“ од авто плац во Дебар

by irena 13:12
13:12

ОВР Дебар, до Основното јавно обвинителство Кичево, поднесе посебен извештај против тројца малолетни деца од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Според информациите, на 19. овој месец од авто плац на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, тие одзеле патничко моторно возило „форд фиеста“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на А.Г.(37) од Дебар, кое било оставено незаклучено со клуч на брава.

По преземени мерки, малолетниците со нивни родители и претставници на Центарот за социјални работи Дебар се повикани во ОВР Дебар каде се извршени службени разговори.

Слични вести