3
Полицијата трага по 27-годишен жител на Тетово, кој исчезнал откако на 29 октомври попладнево заминал од работното место со автомобил.
Според пријавата во СВР Тетово, неговиот 56-годишен татко пријавил дека синот Б.И. околу 15 часот ја напуштил фабриката во која работел, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“.
Бидејќи до 20:25 часот не се вратил дома, таткото го пријавил неговото исчезнување во полиција. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.