„Германско-македонски училиштен речник“ – нов водич низ светот на германскиот јазик во издание на „Арс Ламина“

by irena 12:16
12:16

Новиот „Германско-македонски училиштен речник“, од авторскиот тим д-р Валентина Илиева, м-р Кристина Крстевска, м-р Симона Монавчева и д-р Николче Шулевски, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“.

Изданието е наменето првенствено за учениците од основното и средното образование, но и за сите љубители на германскиот јазик. Со практични преводи на македонски јазик, тој им помага на читателите полесно да го разбираат значењето на германските зборови и да го збогатуваат својот вокабулар. Речникот може да се користи при учењето, изработката на домашните задачи, читањето и самостојното изучување на јазикот.

Зошто да учиме германски? Како мајчин јазик на повеќе од 100 милиони луѓе, германскиот се зборува во повеќе европски земји и отвора можности за образование, професионален развој и запознавање со богата културна и научна традиција. Неговото познавање е предност за оние што размислуваат за студирање во Германија, Австрија или Швајцарија, но и за сите што сакаат да ги откријат германскојазичната литература, музика, наука и култура.

Германскиот е јазикот на книжевните великани Гете, Кафка и Шилер, на композиторите Моцарт, Бах и Бетовен, како и на научници како Алберт Ајнштајн. Преку него се отвораат нови хоризонти за учење, истражување и личен напредок. Без разлика дали германскиот е дел од училишната програма или се учи од личен интерес, овој речник претставува практичен сојузник во совладувањето на нови зборови и стекнувањето нови знаења.

Книгата „Германско-македонски училиштен речник“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Слични вести