Мицкоски: Ме нарекуваат идиот, а идиот 7-8 пати ги победува на избори

by irena 16:04
16:04

Македонскиот премиер – Христијан Мицкоски за обвинувањата кон него каде е нарекуван арамија, предводник на организирана криминална група, нарко-трговец, дури и идиот прашува кој е вистинскиот идиот ако, како што рече, тој успева да победи на седум или осум избори.

„Замислете, тој идиот ве победил седум-осум пати на избори. Треба да се поставите прашањето: кој е вистинскиот идиот?“ – рече Мицкоски.

За унгарскиот кредит од една милијарда евра, премиерот Мицкоски рече дека половина милијарда евра се искористени за отплата на еврообврзница што ја зема претходната влада предводена од сега опозициската СДСМ.

Слични вести