1
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека не жали што била блиска со американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на неговиот втор мандат, нагласувајќи дека ги бранела националните интереси на Италија.
„Не жалам што на почетокот на вториот мандат на претседателот Трамп бев многу блиска со него, бидејќи тоа значеше одбрана на националниот интерес“, вели Мелони во книгата на Бруно Веспа „Историја на Втората република: од Берлускони до Мелони, од Проди до Шлајн“, која ќе биде објавена на 2 ноември од издавачките куќи „Мондадори“ (Mondadori) и „Раи Либри“ (Rai Libri).
Таа наведе дека имала добри односи со поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, но дека поради тоа била изложена на критики.