Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ, објави видеопорака на својот официјален профил на Инстаграм, во која се осврна на денешната прес-конференција нa „Студентската листа“, одржана во Пионерскиот парк.
Зборувајќи за нивните настапи и пораки, Вучиќ истакна дека ситуацијата на почетокот изгледала безопасна, но набрзо ја сфатил сериозноста на моментот:
„Денес, нешто првично ми изгледаше смешно, но потоа сфатив дека работите се многу посериозни. Ја слушав прес-конференцијата од Пионерскиот парк, на таканаречената ’Студентска листа‘, и првично се насмеав на начинот на кој тие им наредуваат и им диктираат на луѓето што да прават“ рече Вучиќ.
Тој порача дека борбата за слободата на државата и народот ќе продолжи бескомпромисно и трајно, нагласувајќи дека нацијата и националните интереси нема да попуштат под притисокот.