Доведен во заблуда уплати 14.000 евра во Индија, Турција, САД и Индонезија – кривична за измамник од село Злетово

by irena 14:21
14:21

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од с. Злетово, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама‘‘.

Како што информираат од полицијата, во периодот од 20.08.2024 до 15.01.2026, пријавениот лажно прикажал факти пред едно лице и на тој начин го довел до заблуда преку брз трансфер за пари да изврши 18 уплати кон лица во Индонезија, Турција, САД и Индија, со што го измамил за сума од 860.000 денари (околу 14.000 евра).

 

Слични вести