(Видео-интервју) Венко Филипче: Мицкоски им е должник и на Орбан и на Вучиќ

by jadranka 13:48
13:48

Оската меѓу Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски воопшто не е нова и таа трае уште од времето на опозициските денови на Мицкоски . Практично, благодарение на нивната помош и од Орбан и од Вучиќ преку медиумите и финансиски, тој дојде на власт. И, не зборуваме ние само сега, туку во последните две години . И, за се што предупредувавме излезе дека е вистина, го коментира во видео-разговор за „Фокус“, лидерот на СДСМ Венко Филипче, ставот на неговата партија што го искажаа неколку пати неделава по изборните промени во Србија – дека по падот на Орбан и Вучиќ, на ред е македонскиот премиер.

„Ќе потсетам на неколку работи. Први зборвавме за тоа каков е всушност огромниот кредит што го земавме преку Унгарија, а тоа се всушност кинески пари/ Еве сега новиот унгарски премиер покрена истрага за тоа , кој и како ги земал огромните провизии за него. И, очигледно е дека таа приказна допрва ќе се расплеткува. Понатаму, приоритетот што се даде на пругата Коридор 10, во однос на Коридор 8. Оваа власт на Мицкоски го запре практично Коридорот 8 иако беше европски и НАТО приоритет, па сега го продолжуваат. Иако, во меѓувреме, за него загубивме 40 милиони евра грант од Европа.  Да не зборуваме за медиумското присуството. По наша проценка, 40 отсто од порталите, една телевизија, се во сопственост на луѓе блиски до поранешниот унгарски премиер. Кога зборуваме за Србија, па зарем има поголем доказ од тоа што кај нас влегоа српски медиуми кои не се регистрирани, а добија лиценца за работа кај нас. Тоа, е таков голем престап, што оваа власт мора да го направи затоа што има огромни концесии кон овие двајца“, тврди Филипче.

Лидерот на СДСМ дава објаснување и за тоа зошто партијата која седум години беше власт, дојде со големи очекувања од граѓаните, а си замина со катастрофален резултат на последните парламентарни избори. Вели дека имаат направено анализа за тоа, која покажува дека таквите очекувања се делумно исполнети. И, го впери прстот кон предводниците на Платформата „12.05“ кои, според него, се главните виновници за лошиот изборен резултат.  „  Ние изборите во 2020 година ги добивме, а во 2021 година минимално ги загубивме. Потоа, во партијата дојдоа и практично ја окупираа една мала група на луѓе кои денеска се изолирани во некоја т.н. платформа, која дозволи да се случат катастрофални политики и да се донесат катастрофални одлуки. Таа мала група луѓе е виновна и за измените на Кривичниот законик и за ’францускиот предлог’ кој сега ни се удира од глава. Понатаму и за зголемување на платите на функцонерите,. Нешто што, апсолутно во 2023 и во 2024 година не смееше да се случи. Така штоп, како резиме – ќе кажам дека не се исполнети ветувањата кон граѓаните – но тоа е научена лекција за новото партиско раководство“, потенцира лидерот на социјалдемократите во видео-интервјуто за „Фокус“.

Подготвиле: 

Зоран Фиданоски – Орце Костов 

Слични вести