Три пријави за насилство во домот – нападнати жени во скопско, виничко и гостиварско

by irena 13:49
13:49

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ќ.Ц.(48) од с. Калиманци, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите, на 01. овој месец пријавениот физички ја нападна неговата 38-годишна сопруга, при што ѝ нанесе повреди.

СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против А.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „насилство врз дете“.

На 25.овој месец, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет ја нападна неговата вонбрачна партнерка, а физички ја нападна и нејзината малолетна ќерка.

Доцна синоќа, во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(35) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна сопруга дека физички ја нападнал и со тврд предмет оштетил дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Слични вести