Автомобил доцна синоќа удри група луѓе во градот Нојштат ам Рибенберге, во северна Германија, при што беа повредени четири или пет лица, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во сојузната покраина Долна Саксонија, северозападно од Хановер.
Некои од повредените се здобиле со потешки повреди, но сите биле пренесени во болница и, според последните информации, се надвор од животна опасност.
Полициски службеници што во близина вршеле редовна сообраќајна контрола го забележале инцидентот нешто пред полноќ.
Во обид да го запрат автомобилот, полицајците отвориле оган, потврди портпаролка на полицијата, повикувајќи се на порталот „Еков“.
Сепак, возилото успеало да избега од местото на настанот.
Во потрагата по еден или повеќе осомничени се вклучени голем број полициски службеници, како и полициски хеликоптер.