Голем пропуст на веб-страницата за „Златната топка“ – тројца добитници објавени истовремено

by irena 20:28
20:28

До збунетост дојде на официјалната веб-страница за „Златната топка“ (Ballon d’Or).

Имено, беа објавени тројца добитници – Ламин Јамал, Хари Кејн и Килијан Мбапе.

Првично објавија: „Ламин Јамал ја освои ‘Златната топка’, ова се неговите најдобри потези“. Набргу потоа, истото го направија и за играчите на Баерн и Реал Мадрид.

Кога сфатија дека згрешиле, многу брзо ја избришаа објавата.

Инаку, церемонијата се одржува во Лондон, во салата „Паладиум“.

Кандидати за „Златната топка“:

Усман Дембеле (ПСЖ)
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)
Хари Кејн (Баерн)
Квича Кварацхелија (ПСЖ)
Килијан Мбапе (Реал Мадрид)
Лионел Меси (Интер Мајами)
Мајкл Олисе (Баерн)
Фабијан Руиз (ПСЖ)
Родри (Барселона)
Ламин Јамал (Барселона)

Слични вести