(ВИДЕО) „Вечерва славиме победа, нема место за конфликти и насилство“ – во Србија втор ден се слави

by irena 21:14
21:14

Илјадници граѓани вечерва излегоа на плоштадите и улиците низ Србија за да ја прослават изборната победа на Студентската листа на вонредните парламентарни избори.

Собирите започнаа во Белград на плоштадот Славија, па се проширија во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Суботица и Ваљево.

Организаторите повикаа на мирно славење без насилство и порачаа дека доаѓа време на институционална одговорност.

Главниот собир се одвива во Белград каде што сообраќајот беше целосно блокиран уште пред 19 часот.

На просторот околу кружниот тек и фонтаната е поставена бина од која диџеи пуштаат музика, а според најавите на организаторите, собирот под мотото „Нека пее оваа Славија“ ќе трае до полноќ.

Студентите најавија дека нема да има политички говори, туку фокусот е ставен на заедничката победа на граѓаните и младите.

Студентските претставници преку социјалните мрежи испратија децидна порака дека простор за судири и инциденти нема.

Тие нагласија дека секој поединец ќе одговара пред законите за своите постапки и повикаа на достоинствено празнување.

Во Нови Сад граѓаните и студентите се собраа пред зградата на Бановина, а слична слика беше забележана и во Ниш, каде што мотоциклисти застанаа пред полициската управа пред почетокот на собирот на плоштадот Крал Милан, додека во Крагуевац претежно млади луѓе го исполнија Ѓачкиот плоштад пред Првата крагуевачка гимназија.

 

Слични вести