Студентска листа: Не поддржуваме упад во медиуми

by irena 00:15
00:15

По упадот во „Информер“ вечерва граѓани се собрале и пред зградата на телевизија „Пинк“ во Белград. Зградата ја обезбедуваат поголем број полицајци, јавуваат српските медиуми.

Претходно, по упадот во „Информер“ се јавија од Студентската листа која победи на изборите и ги повикаа граѓаните да останат достоинствени и одговорни.

Ја разбираме еуфоријата, емоциите и потребата после се што поминавме конечно да се прослави победата, но сега е важно да останеме достоинствени и одговори, се наведува во објавата на Инстаграм.

Велат дека не поддржуваат упад во медиуми и институции и дека не повикуваат на такво нешто.

Медиумите ќе ги ослободиме во Парламентот, со институционална борба за слобода и професионално новинарство, порачуваат од Студентската листа.

Слични вести