Александар Вучиќ реагираше по упадот во редакцијата на српската телевизија „Информер“, оценувајќи дека станува збор за напад врз слободата на новинарството.
Тој ги обвини Европската Унија и новинарските здруженија дека молчат за случувањата, а најави дека неговите политички соработници нема да се повлечат пред, како што рече, притисоците и заканите.
„Сведочевме на напад без преседан, напад врз слободата на новинарството. Интересно е што сите молчат за тоа. ЕУ молчи. Молчат и новинарските здруженија. Ние да го правевме тоа, ќе бевме диктатори и којзнае што“, изјави Вучиќ.
Вучиќ порача дека нема да дозволат заплашување и дека ќе се спротивстават на секој обид за загрозување на физичкиот и личниот интегритет.
„Не им се плашиме и ќе се спротивставиме. Ќе го сочуваме физичкиот и личниот интегритет“, рече тој.