1
Илија Срдановиќ, носителот на листата „Студентска листа“, преку порака објавена на Инстаграм, ги повика граѓаните да останат достоинствени и да се воздржат од каква било форма на насилство.
„Почитувани сограѓани, ве замолуваме – во текот на остатокот од изборниот процес, па и понатаму – да останете смирени и достоинствени, исто како што бевте досега. Изборите сè уште не се завршени, а резултатите сè уште не се официјално прогласени.
Мораме да го зачуваме нашето достоинство до крај. Ве молиме, не прибегнувајте кон никаков вид насилство. Ова е барањето на вашата ’Студентска листа‘ и вашето студентско движење. Да живее Србија“, изјави Срдановиќ.