Полицијата ловеше прекршоци на пешаците

by irena 20:08
20:08

МВР информира дека вчера во периодот од 08:00 до 12:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците, како и на прекршоците што ги прават возачите во однос на пешаците.

При спроведената контрола констатирани се 175 прекршоци. Најголем дел од прекршоците сторени од пешаци се однесуваат на непрописно преминување на коловозот, односно преминување на улица на небезбедно место, надвор од обележан пешачки премин.

Кај возачите, најчесто констатирани прекршоци се непропуштање пешаци на обележан пешачки премин.

Во текот на контролата констатирани се и 139 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Слични вести