1
Сите вработени во Словенија годинава ќе имаат право на задолжителен зимски бонус, познат и како божиќен бонус. Полниот износ ќе изнесува најмалку 740,94 евра.
Со воведувањето на таканаречениот зимски регрес, оваа исплата стана законска обврска за сите работодавачи во Словенија.
Неговиот износ е утврден на половина од минималната бруто-плата, која во 2026 година изнесува 1.481,88 евра.
Најмалку 740,94 евра ќе добијат работниците што целата година биле вработени кај ист работодавач со полно работно време.
На оние што биле вработени само дел од годината или работеле со скратено работно време ќе им биде исплатен пропорционален износ.
Работодавачите треба да го исплатат зимскиот бонус најдоцна до 18 декември.