(ВИДЕО) Во Србија петмина уапсени под сомнение дека планирале насилство на изборите во недела

by irena 16:43
16:43

Во Србија се уапсени повеќе лица осомничени дека подготвувале насилни нереди во Белград на денот на парламентарните избори, закажани за 25 октомври.

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во Нови Сад биле приведени пет лица осомничени за планирање насилство, напади врз политички неистомисленици и полицајци, како и загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Во одделни полициски акции биле приведени и лица во Врњачка Бања и Белград.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, групата наводно планирала да доведе околу 80 лица во Белград за време на изборниот ден и да предизвика улични судири.

Во извештаите се споменуваат планови за напади врз граѓани и полицијата, палење автомобили и употреба на опасни средства.

Обвинителството соопшти дека осомничените се товарат за дела поврзани со подготовка на загрозување на уставниот поредок и повикување на насилна промена на уставното уредување.

Слични вести