1
Едно од најпрепознатливите телевизиски лица во Македонија, презентерката на вести Татјана Стојановска си замина од Канал 5 телевизија.
По 15 години поминати во оваа медиумска куќа, таа одлучи за „трансфер“ во друг медиум – тв Алфа.
-Се радувам на новото поглавје во мојата кариера и на можноста да бидам дел од тимот на Алфа ТВ, каде што заедно ќе работиме во интерес на гледачите и јавноста – изјави Стојановска за „Женски магазин“.
Стојановска со години е синоним за дикција, елеганција, објективност и харизма пред камерите.
Таа во МТВ ги постави темелите на професијата, учејќи го занаетот во време кога критериумите за појавување на екран беа на највисоко ниво.
Потоа, 7 години беше дел од А1 телевизија, а следните 15 години ги помина во Канал 5.