Заменик министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка.
Андовски пишува дека оставката ја поднесува од лични причини и му се заблагодарува на премиерот за укажната доверба.
„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем.
На претседателот на Владата и на сите членови на Владата им посакувам успех во понатамошната работа и во остварувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува Андовски во оставката.
Андовски беше заменик министер од почетокот на мандатот на премиерот Мицкоски – во период кога се сменија тројца министри: Арбен Таравари, Азир Алиу и Сашо Клековски.