Обвинителство бара притвор за Ива Михаилова

by irena 12:17
12:17

Основното јавно обвинителство Кочани веднаш достави предлог за определување притвор за Ива Михаилова, откако утринава е известено од Основниот суд Кочани дека обвинетата не е пронајдена на домашната адреса и не ја исполни обврската за јавување во полиција.

Од Обвинителство потврдуваат дека известувањето го добија утринава и предложија до судот да се определи построга мерка за обезбедување на присуството на обвинетата.

„Обвинителството е известено од судот утрово и веднаш до судот е доставен предлог за определување мерка притвор“, информираат од Обвинителството.

Оттаму посочуваат и дека судот има можност да постапува по службена должност, без да чека предлог од јавен обвинител.

Слични вести