СВР Тетово поднесе кривична пријава против У.С.(35) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Како што информираат од полицијата, на 11. овој месец во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
Синоќа во 21:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Два часа подоцна, во 23:25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(28) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.