Бензините и дизелот со истa ценa, поскапува само мазутот

by irena 12:45
12:45

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за 1,479%, кај екстра лесното масло за 1,462% и кај мазутот има зголемување од 4,079%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,2931%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 14.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 100,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,742 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.

Слични вести