Левица: Шумската мафија ја краде државната сеча

by valentina 19:01
19:01

Од Левица алармираат на криминал со огревно дрво, обвинувајќи дека шумска мафија ја краде државната сеча кај Беловодица.

-Веќе набрани, во време кога на сила е забраната за движење во шума, ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА на дрвокрадци, најверојатно логистички потпомогната од страна на концесионерите за сеча, ГИ КРАДАТ ДРВАТА пресечени по налог на Ј.П. Национални Шуми (претходно Македонски Шуми), со што штетата врз граѓаните ја проценуваме на над 15.000.000 денари.
Штетата по екосистемот е непроценета и допрва ќе ги согледуваме последиците, алармираат од Левица.

Оттаму велат дека ова до сега е најскандалозната и најприкриената организирана сеча на шума на територијата на Општина Прилеп.

-Жителите на Беловодица најавија и блокирање на патот доколку МВР и Шумската полиција не ја превземи контролата и разреши ситуацијата што поскоро.
Иако ги имаме побарано сите јавни документи околу сечата, до ден денешен НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИКАКОВ ОДГОВОР!, велат од Левица.

Слични вести