75
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре (7 август) ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од Општина Карпош поради дефект на водоводната мрежа.
Како што соопштуваат од претпријатието, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 2 цола на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 13, без вода ќе останат корисниците од оваа улица.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9.00 часот и ќе трае сè до целосното отстранување на дефектот.
Без вода ќе бидат и жителите на Морани.
-Ве известуваме дека на ден 07.08.2026 поради дефект на затворач ф-100 мм на ул.1/бб во Морани (кружен тек), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Морани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот, велат од Водовод.