Повреден е млад прилепчанец – утринава излета со возилото од патот

by irena 14:27
14:27

МВР информира дека рано утринава во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул. „Орде Чопела“ во Прилеп, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.М. од Прилеп, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Слични вести