Крвава драма во Крагуевац – со нож ја избоде екс партнерката и нејзиниот дедо

by irena 08:46
08:46

Доцна синоќа се случи злосторство во населбата Белошевац во српскиот град Крагуевац, кога маж извади нож по жестока расправија и ја нападна својата екс партнерка, а потоа и нејзиниот дедо.

Двајцата со сериозни, опасни по живот повреди биле итно префрлени во болница, каде што веднаш биле префрлени во операциона сала, објавуваат српските медиуми.

Несреќната жена била примена со повеќе убодни рани во градите и стомакот, додека нејзиниот дедо бил со расекотини на стомакот.

Откако ги избодел својата екс партнерка и нејзиниот дедо, осомничениот Лука Б. избегал.

Полицијата веднаш го блокирала овој дел од населбата во Крагуевац и започнала обемна потрага.

Осомничениот бил брзо пронајден, совладан и приведен во полициската станица.

На самото место е спроведена детална истрага, а полицијата, во соработка со надлежното обвинителство, продолжува да работи на утврдување на сите околности и точниот мотив на ова грозоморно злосторство.

Осомничениот Лука Б. е приведен, по што ќе биде приведен на сослушување заедно со кривична пријава.

Слични вести